Skip to content

Информации од јавен карактер

 

  1. ВОВЕД

 Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создал или со кои располага Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“  Скопје, единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Барателот пристапот до информацијата може да го побара усно, да го достави писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото барање може да се поднесе до овој Факултет:

  • непосредно во архивата на Факултетот;
  • преку пошта на адреса на Факултетот ул. Дрезденска бр. 56 Скопје,
  • по електронски пат, на  е-маил: pedagoskifakultet@gmail.com

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Службено лице за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер:

Снежана Матовска, контакт телефон: +389(0)2 3066776
е-маил: pedagoskifakultet@gmail.com

Доставени барања, на кои Факултетот одговорил, како што следи:

 2020 …………………………………………………………………………………………………………… нема

 2021:

  1. По електронски пат, на 26.1.2021 г., е побарано податоци од Службата за студентски

прашања, на кои е доставен електронски одговор, согласно кој е  утврдено дека:

  • На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, во текот на 2020

година, на прв циклус на студии, односно додипломски студии, дипломирале вкупно 69 студенти, од кои еден студент  одбраната ја реализирал онлајн, а сите останати со физичко присуство;

  • На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, во текот на 2020

година, на втор циклус на студии, односно последипломски студии, магистрирале 2 студенти со физичка одбрана на изготвениот магистерски труд. Нема онлајн одбрана и

  • На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, во текот на 2020

година нема студенти кои се стекнале со диплома за завршени докторски студии.

  1. На доставено барање, во текот на април месец 2021 г., а по усно добиените податоци

од  Службата за студентски прашања е утврдено дека:

  • На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, во учебната 2020/2021

година, има пет активни студенти со попреченост и тоа четири на студиската програма Библиотекарство и еден на студиската програма Предучилишно воспитание.

Од студентите запишани на Библиотекарство еден е во трета година, а останатите се во четврта година.

Студентот запишан на Предучилишно воспитание е апсолвент на овој Факултет.

  • На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, во последните пет

години, дипломирале двајца студенти со попреченост и тоа едниот на студиската група Библиотекарство, а другиот на студиската група Предучилишно воспитание.

2022 …………………………………………………………………………………………………………… нема

2023 ………………………………………………………………………………………….

– Одлука за решавање на молба од студентот Весна Тасевска

Информација за лица со оштетен вид
Информација за укажувачи

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ФАКУЛТЕТОТ

Седиште на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје:  ул. Дрезденска бр. 56 Скопје, со поставена мапа за локацијата на самата ВЕБ страна..

Меил адреса:  pedagoskifakultet@gmail.com и телефон за контакт +389(0)2 3066776.

Одговорно лице: Декан проф. д-р Билјана Камчевска, редовен професор.

Именуваната може да се добие на званичната меил адреса на Факултетот и телефон за контакт +389(0)2 3066776.

Податоци за лицето одредено за  заштитено внатрешно пријавување:

Снежана Матовска, контакт телефон: +389(0)2 3066776
е-маил: pedagoskifakultet@gmail.com

Дејност на Факултетот, односно каталог на услуги:

http://uslugi.ukim.mk/index.php/category/pef/

Список на вработен наставен кадар:

РЕДОВНИ ПРОФЕСОРИ
 
д-р Розалина Попова – Коскарова
д-р Аднан Ќахил
д-р Аида Ислам
д-р Веби Кадриу
д-р Сузана Никодиновска –  Банчотовска
д-р Татјана Котева – Мојсовска
д-р Билјана Камчевска
д-р Емиљ Сулејмани
д-р Светлана Камџијаш
д-р Слаѓана Јакимовиќ
д-р Весна Макашевска
д-р Бујар Саити
д-р Маја Рауник – Кирков
д-р Мариета Петрова
д-р Билјана Глигорова
д-р Марјан Малцев
 д-р Зоран Михајловски
 д-р Леонора Јегени
д-р Флорина Шеху
д-р Аријан Скука
д-р Елизабета Бандиловска
д-р Љуљзим Адеми
д-р Лулзим Алиу
д-р Сузана Котовчевска
д-р Виолета Мартиновска
д-р Јета Старова – Мехмети
д-р Методи Главче
д-р Бурхан Ахмети
д-р Душка Матевска
ВОНРЕДНИ ПРОФЕСОРИ
д-р Хулија Скука
 д-р Јасмина Јовановска 
д-р Анита Штерјоска Митреска
ДОЦЕНТИ
д-р Весна Хорватовиќ
д-р Мујасер Илјази
д-р Зорица Станковска
 
 

Список на ненастевен кадар:

Снежана Матовска– Секретар на Факултетот
Гордана Ефремовска– Советник за деловно работење
Мерита Спахиу– Советник за библиотечно работење
Наталија Јошева– Советник за работење во медијатеката
Михаил Богоевски– Раководител на Одделението за студентски прашања
м-р Убавка Милошеска– Советник за ЕКТС
М-р Мендиме Алиу – Советник за настава и наука
Фетије Куќи– Советник за студентски прашања
М-р Ивана Толовска Розман – Советник за студентски прашања
Димитар Михајловски–Советник за студентски прашања
Андријана Зафировска– Самостоен референт за благајна
М-р Елизабета Китановска– Самостоен референт за магацинско работење
Игор Стојановски– чувар
Звонко Мицевски– чувар
Силвана Николовска– хигиеничар
Венера Петрова– хигиеничар
Даниела Воинова– хигиеничар

Одлуки за избор во звања

  1. ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
  • Закон за високото образование
  • Статут на УКИМ
  • Етички кодекс
  • Статут и Деловник на ПФСКО
  • Правилник за внатрешна организација со органограм на Факултетот
  • Правилник за систематизација на Факултетот
  • Одлука за плати
  • Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии од УКИМ
  • Правилник за студирање на трет циклус на студии од УКИМ
  • Правилник за избор во звања
  • Функционална анализа
  1. ИЗВЕШТАИ, ПРОГРАМИ И ПЛАНОВИ
  • Извештаи
  • Годишен извештај за работата на Факултетот
  • Годишен извештај за работата на деканот
  • Годишен финансиски извештај
  • Извештај за завршна сметка
  • Извештај за извршена самоевалуација
  • Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Ревизорски извештаи
  • Програми

4.5.  Планови

  • Годишен план за вработување
  • Годишни финансиски планови по квартали
  1. ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
  1. ЗАПИСНИЦИ ОД ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР