Skip to content

Меморандум за соработка со Факултет за образовање учитеља и васпитача,           Белград,  Р. Србија

Меморандум за соработка помеѓу Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија,  и Факултет за образовање учитеља и васпитача, Универзитет у Београду, Република Србија

На 15.02.2024год. се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Северна Македонија, застапуван од деканката на Факултетот, проф. д-р Билјана Камчевска и Факултет за образовање учитеља и васпитача, Универзитет у Београду, Република Србија, застапуван од деканот проф. д-р Данимир Мандиќ.
Предмет на овој Меморандум претставува воспоставување на соработка помеѓу двете договорни страни во сферата на образованието, научно-истражувачката и апликативна дејност, како и утврдување на формите и начинот на соработка.
•Општа цел на Меморандумот е преку воспоставената соработка и нејзините начини и форми, да се даде придонес во понатамошниот развој согласно современите текови и тенденции, во сферата на образованието, научно-истражувачката работа и апликативната дејност на наставниот кадар ( асистенти, доценти и професори) и студентите кај двете договорни страни.
•Како облици на соработка се утврдуваат:
-Студиски престои на дел од кадарот во рамките на другата институција;
-Реализација на предавања и обуки и други облици на активно делување во посочените сфери;
-Заедничко или самостојно организирање и земање учество со свои трудови, презентации и слично на научни конференции, конгреси, симпозиуми, работилници и други облици на научно-истражувачка и апликативна работа;
-Заедничко учество и активности во рамките на „ Еразмус+‘‘и др. проекти;
-Објавување на трудови во списанието Педагошка ревија и Иновације у настави, Методичка теорија и пракса и сл;
-Други активности за унапредување во сферата на образованието, научно-истражувачката и апликативна дејност.