Skip to content

,,Ден на наставата на турски јазик во Р. С. Македонија”

Во чест на празникот ,,Ден на наставата на турски јазик во Р. С. Македонија” високата делегација од Р. Турција предводена од претседателот на 27 миот Мандат на Големото национално собрание на Турција, г. проф. д-р Мустафа Шентоп, заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА при Министерството за култура и туризам г. д-р Махмут Челик, координаторот на ТИКА за програмска координација во Скопје г. Мехмет Бајрак, со пригодна свеченост го отвори реновираниот Aмфитеатар на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Им благодариме на ТИКА за вложените средства и труд во оплеменувањето на нашиот амфитеатар.
Со нивната заложба Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ доби простор во кој со гордост ги организираме своите манифестации и свечености за разни пригоди и ја остваруваме наставната дејност со студентите.