Skip to content

Работилница на тема: 

Создадете го своето онлајн портфолио – како да станете повидливи за идните работодавачи

Создадете го своето онлајн портфолио – како да станете повидливи за идните работодавачи

Драги студенти,
 
Со задоволство ве покануваме на првата работилница која се организира со цел унапредување на вештините на студентите за кариерен развој. На работилницата ќе дознаете повеќе за тоа како да создадете ваше онлајн портфолио, ваш професионален профил на социјалните мрежи и како подобро да се претставите пред идните работодавачи.
Тема: Создадете го своето онлајн портфолио – како да станете повидливи за идните работодавачи.
Предавач: Елена Костоска
Време: 28.02.2024, од 17:00
Место: Педагошки факултет
Линк за пријавување во описот во био и на стори објавите кај нас @ussukim и @youthactivelycreateopps
Настанот го организираат Универзитетско студентско собрание-УКИМ и Центарот за кариера при УКИМ, со поддршка на Активноста на @usaidnmacedonia за млади кои активно создаваат можности – @youthactivelycreateopps , имплементирана од IESC во партнерство со @radiomof @youtheducationalforum и @ceedhubskopje .
 
Ве очекуваме!