Skip to content

 Педагошки факултет ,,Св. Климент Охридски‘‘ – Скопје го одбележа својот патронен празник 

На 7ми октомври 2023 година во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје, Педагошкиот факултет ,,Св.Климент Охридски” – Скопје, на пригоден и свечен начин го одбележа својот патронен празник.
По тој повод, со почесни говори се обратија: ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј’’- проф. д-р Биљана Ангелова, министерот за образование и наука во Владата на Р. С. Македонија – г. Јетон Шаќири и деканката на Педагошкиот факултет – проф. д-р Билјана Камчевска.
Во духот на Климентовата традиција, по повод големиот празник, беше организирана научно-стручна расправа на тема: Наставничката професија во контекстот на општествените и образовните промени, која во центарот на вниманието го стави наставникот и неговата професија согледани низ призмата на 4 важни тематски области:
1.Угледот и статусот на наставникот
2. Наставничката професија пред предизвиците на современата настава
3. Квалитетот на иницијалното образование
4. Соработката помеѓу владиниот и невладиниот сектор во функција на унапредување на квалитетот на образованието
На научно-стручната расправа земаа учество: наставници, универзитетски професори, како и претставници од сите релевантни институции од областа на образованието во нашата земја.
Модератор на дебатата беше проф. д-р Розалина Попова-Коскарова, продекан за наука на Педагошкиот факутет – Скопје