Skip to content

Прв академски час

Прв академски час генерација 2023/2024

✨️На 2.10.2023 година се одржа првиот свечен академски час во амфитеатарот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
🎓Свеченоста започна со интонирање на државната и академската химна „Gaudeamus Igitur“.
✨️На студентите им се обрати деканката на факултетот, проф. д-р Билјана Камчевска која во своето излагање истакна дека голема е честа, но и голема е одговорноста да се стане дел од академската заедница на Педагошкиот факултет и на УКИМ. Деканката им порача на студентите да бидат горди на својот избор за животна професија затоа што да се биде наставник, воспитувач, библиотекар значи да се има мисија за враќање на авторитетот на воспитанието и образованието, на знаењето, на училиштето. На крајот од својот говор им посака успешна академска година.🏛
✨️Успешен почеток на младите бруцоши им посакаа и студентките Арта, Симона и Берин кои им се обратија на својот мајчин јазик албански, македонски и турски. Потоа студентите ги поздрави и продеканот за настава проф. д-р Лулзим Алиу кој им даде соодветни насоки кои ќе им помогнат во текот на студирањето.
✨️Деканката им ги врачи индексите на 10те стипендирани бруцоши и со тоа официјално започна новата академска 2023/2024 година.
✨️Свечениот дел од одбележувањето го разубавеа Дуо Скупи со звуците на нивната прекрасна музичка изведба и децата од ОУ Јан Амос Коменски кои со своја точка ги поздравија идните студенти и им посакаа среќен почеток преку пораки на македонски, албански и турски јазик односно на јазиците на кои се реализира наставата на Педагошкиот факултет.
📣На сите студенти им посакуваме успешна академска година!🎓