Skip to content

За Нас

Мисија

Педагошкиот факултет да постигне извонредност во образованието на студентите, идните наставници, воспитувачи и библиотекари и тоа ќе се темели на стекнатите компетенции и излезните резултати од учењето. Нашите студенти треба да бидат подготвени да одговорат на сите предизвици на професијата и да претставуваат сила на развојот на образованието на земјата. Факултетот ќе делува како институција која ќе ги почитува академските, мултикултурните и етичките вредности, принципите втемелени на почитување на универзалните човечки права и ќе биде место на критички приоди во решавањето на образовните прашања.

Факултетот ќе ја унапредува соработката со други факултети при УКИМ, други универзитети и факултети во државата и надвор од неа, невладини организации и здруженија, основни училишта, предучилишни установи и библиотеки со цел да ја усовршува наставната, научно-истражувачката и стручната работа. Целта на соработката особено со сродните факултети во земјава ќе има за цел да се усогласат ставовите за значајни прашања во сферата на предучилишното воспитание и примарното основно образование. Исто така ќе се засили соработката со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. Факултетот треба да го потврди и унапреди својот авторитет во поглед на влијание и придонесување кон државнички одлуки поврзани со статусот на иницијалното образование на наставниците и воспитувачите како и воопшто со статусот на предучилишното воспитание и образование и примарното основно образование во државата. Со изработка и акредитирање на програми за стручно усовршување и перманентно образование, Факултетот треба да си го заземе местото кое му припаѓа и да стане главен центар за стручно усовршување на наставниците и воспитувачите.

Институти

/ Одделенска настава

/ Предучилишно воспитание

Наставата преку која
се реализираат студиските програми за одделенска настава и предучилишно воспитание се изведува на македонски, на албански и на турски наставен јазик. Во реализацијата на нас­та­вата, покрај професорите и асистентите од нашиот Факултет, учест­вуваат и професори од други факултети со кои имаме соработка.

/ Библиотекарство

Студиската група за библиотекарство започна со работа во учебната 2010/2011 година.

/ Втор циклус на студии

Во учебната 2010/2011 година започна реализацијата на студии од втор циклус по студиските програми Одделенска настава и Предучилишно воспитание кои се изведуваат на три наставни јазици македонски, албански и турски.

Во учебната 2015/2016 година започна и реализација на втор циклус на студии по
Библиотекарство како едногодишни и двегодишни студии.

/ Трет циклус на студии

Во учебната 2017/2018 година започна со реализација студиската програма од трет циклус студии по Образование на наставници (за примарното образование). Следната година започна со работа уште една студиска програма од трет циклус студии по Рано детско образование и воспитание.

Нашиот Факултет остварува меѓународна соработка со пове­ќе факултети и асоцијации чиј предмет на интересирање е образо­ва­нието. Организираме и учествуваме на повеќе меѓу­на­род­­ни соби­ри. Вклучени сме во меѓународни проекти. Покрај наставната дејност реализираме и научно-истражувачка работа преку
национални и меѓународни научно-истражувачки проекти (TEMPUS, ERAZMUS+, EMIS)
посветени на образованието, преку учество на научно апликативни проекти, конференции
и други научни собири од меѓународен и национален карактер, преку пишување и
публикување научни трудови, како монографии зборници, елаборати, учебници,
прирачници итн.

Организација на факултетот

  1. Органи на раководење на Факултетот
  • НАСТАВНО НАУЧЕН СОВЕТ

Орган на управување и стручен орган на факултетот.

  • ДЕКАН 

Раководен орган кој го застапува и го претставува факултетот во земјата и во странство во согласност на статутот на уким и статутот на факултетот. 

  • ДЕКАНАТСКА УПРАВА

Орган на управување на факултетот. Деканатската управа ја сочинуваат деканот, продеканите и раководителите на институтите.

ДЕКАН   03

ПРОФ. Д-Р БИЛЈАНА КАМЧЕВСКА

 

 
  • ПРОДЕКАНИ
 

02ПРОДЕКАН ЗА НАСТАВА 

 
ПРОФ. Д-Р ЛУЛЗИМ АЛИУ
 
 
 
 
 
 

07ПРОДЕКАН ЗА НАУКА
 
ПРОФ. Д-Р РОЗАЛИНА ПОПОВА КОСКАРОВА 
 
 
 
 
 


09 ПРОДЕКАН ЗА ФИНАНСИИ

ПРОФ. Д-Р ВЕСНА ХОРВАТОВИЌ 

 

 

 

 

СЕКРЕТАР – СНЕЖАНА МАТОВСКА

               

  1. Организациски единици на факултетот
  • ИНСТИТУТИ 

Наставно-научни организациски единици – иснтитути и центри кои ја организираат и остваруваат наставно-образовната научно – истражувачката и апликативната дејност на факултетот.

  • Институт за одделенска настава
  • Институт за предучилишно образование
  • Институт за библиотекарство
 
3. СТРУЧНА АДМИНИСТРАТИВНА СЛУЖБА
 
Стручна административна служба ги врши стручните, административните, правните, техничките и општите работи како дел од интегрираната стручна и административна служба на УКИМ.
    Стручната административна служба функционира преку четири одделенија:
  • одделение за правни и општи работи,
  • одделение за студенски прашања,
  • одделение за финансиско, сметководствено и материјално работење

одделение за библиотечно работење – библиотека.