Skip to content

Светски ден на учителот

Светски ден на учителот 05 октомври 2023

„Душата оздравува кога е со деца.“ – Достоевски
Ова е дел од атмосферата на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје по повод СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ. По овој повод се организираа мултикултурни интерактивни работилници чии учесници беа ученици од прво до петто одделение од основните училишта во Скопје. Во дел од нив учествуваа студенти од Педагошкиот факултет, дел беа реализирани од стручни едукатори кои се вработени во ДКЦ Карпош и наставници од основните училишта.
Учениците имаа можност да проследат интересна музичко драмска изведба, креативно да пишуваат на три наставни јазика (македонски, албански и турски), практично да експериментираат, да цртаат и сликаат.
Им го честитаме денот на сите учители! 
„Не е знаење да се знае туку тоа знаење да знаеш да го пренесеш.“