Skip to content

Отворен ден на УКИМ 2023

Драги идни студенти,
 
На 1 декември 2023г. по повод ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ во периодот 10-12 часот и 12-14 часот ве очекуваме на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје каде ќе бидат презентирани студиските програми на факултетот и ќе имате можност да ги запознаете одблиску професорите кои ќе ви дадат одговор на секое прашање. Ќе ги слушнете и искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Бидете дел од Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја. Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
 
Ве очекуваме!