Skip to content

ЕРАЗМУС+ K103

Тим на професори од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје: проф. д-р Маја Рауник Кирков, проф. д-р Емилј Сулејмани, проф. д-р Билјана Камчевска, проф. д-р Лулзим Адеми, проф. д-р Весна Макашевска и проф. д-р Елизабета Бандиловска, учествуват во реализација на проектот „Развој на писменост и учење на јазик за млади ученици во неповолна ситуација“ во рамки на Еразмус+ К2 програмата финансирана од Агенцијата за мобилност и ЕУ програми на Европската Унија.

Учесници во проектот се и професори од Учителскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска, Филолошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Словенија и ОУ „Иван Гундулиќ“ во Загреб, Хрватска.

Заедничката работа резултираше со првиот интелектуален резултат „Збирка на примери на добри практики“ кој претставува истражување на различни добри искуства од досегашната пракса на учење на немајчин јазик во сите наведни држави.

Во прилог го презентираме на македонски и англиски јазик.

Проектот продолжува со следните предвидени активности и ќе трае до 30.9.2020 г.