Skip to content

Меморандум за соработка со основно училиште во Љубљана, Словенија

Меморандум за соработка со основно училиште „Хинко Смрекар“ во Љубљана, Словенија

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј‘‘ во Скопје, Република Северна Македонија, застапуван од деканот на Факултетот, проф. д-р Билјана Камчевска потпиша Меморандум за соработка со
основното училиште „Хинко Смрекар“ во Љубљана, Република Словенија, застапувано од директорот м-р Игорчо Ангелов.

?Општа цел на Меморандумот е преку воспоставената соработка и нејзините начини и форми да се даде придонес во понатамошниот развој согласно современите текови и тенденции, во сферата на образованието, научно-истражувачката работа и апликативната дејност на вработените, студентите и учениците кај двете договорни страни.


Како форми на соработка се утврдуваат:
•Студиски престои на дел од кадарот во рамките на другата институција;
•Реализација на предавања и обуки и други облици на активно делување во посочените сфери;
•Заедничко или самостојно организирање и учество со свои трудови и презентации на конференции, конгреси, работилници и други форми на научно-истражувачка и апликативна работа;
•Заедничко учество и активности во рамките на „ Еразмус‘‘ и др. проекти;
•Објавување на трудови во списанието „Педагошка ревија“;
•Други активности за унапредување во сферата на образованието, научно-истражувачката и апликативната дејност.