VI Меѓународен конгрес за студии за билингвизам и европските Турци (BISET), кој се одржа во Брисел, Белгија
Проф. д-р Хулија Скука (турски јазик и методика) и проф. д-р Арјан Скука (информатика) од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, учествуваа на VI Меѓународен конгрес за студии за билингвизам и европските Турци (BISET), кој се одржа во Брисел, Белгија, на 2 и 3 мај 2026 година. Конгресот беше организиран од Истанбул Меденијет Универзитетот од Турција, Федерацијата на турски здруженија во Белгија и DE DaumExpert од Германија.
На овој значаен европски научен конгрес, професорите го претставија нивниот истражувачки труд со наслов: „Унапредување на наставата по турски јазик преку вештачка интелигенција кај студенти по одделенска настава во Северна Македонија“.
Професорите воспоставија професионални контакти и водеа плодни академски разговори со универзитетски професори, претставници на училишта, образовни институции поврзани со турските амбасади, како и други релевантни чинители од цела Европа, кои делуваат во областа на наставата по турски јазик, билингвизмот и примената на вештачката интелигенција.
Учеството на проф. д-р Хулија Скука и проф. д-р Арјан Скука на овој угледен европски научен конгрес беше во функција на тековните напори на Педагошкиот факултет насочени кон унапредување на наставата по турски јазик преку иновативни педагошки пристапи поддржани со вештачка интелигенција.




