Алумни
Членови на алумни заедницата на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“
Прегледај го документот →Алумни на Педагошки факултет ,,Св. Климент Охридски‘‘ – Скопје
Добредојдовте на страницата на алумните на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски‘‘ – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј‘‘ во Скопје. Нашата заедница на алумни е составена од успешни наставници, воспитувачи и библиотекари, односно професионалци кои ја продолжуваат традицијата на извонредност во образованието, во воспитанието и во библиотекарството.
Мисија и Визија
Мисијата на алумни заедницата е да ги поврземе сите поранешни студенти на факултетот создавајќи мрежа на поддршка и соработка која ќе придонесе за професионалниот и за личниот развој на секој член. Визијата на алумните е да бидат активни учесници во образовниот процес, споделувајќи ги своите искуства и знаења со идните генерации наставници, воспитувачи и библиотекари.
Алумните на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје редовно организираат различни активности и настани, вклучувајќи семинари, работилници, патувања со меѓународна соработка, конференции, свечености, прослави и др. Организираните настани и активности преставуваат одлична можност за професионално усовршување, размена на идеи и искуства, како и зајакнување на врските помеѓу членовите на алумните и заедницата на наставници, воспитувачи и библиотекари.
Придобивки од членството
Како член на алумните, ќе имате пристап до ексклузивни ресурси и можности за професионален развој, ќе можете да учествувате во специјализирани обуки од образованието и од библиотекарството, да добивате информации за најновите трендови во образованието и да се поврзете со колеги од различни генерации.
Придружете ни се!
Ако сте поранешен студент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, или сте ја запишале четвртата година од вашето студирање на Институтите за одделенска настава, за предучилишно воспитание или за библиотекарство, Ве покануваме да ѝ се придружите на нашата алумни заедница.
Регистрирајте се на следниот линк: https://forms.gle/bBrA61GxMJg9mbFU9
проф. д-р Мариета Петрова
раководител на Институтот за одделенска настава
Регистрирајте се на следниот линк Придружете ни се!
Весна Тодоровска Унковска
Билјана Михајловска