Skip to content

Посета на Универзитетот „Јан Длугош“ во Czestochowa во Полска

Посета на Универзитетот „Јан Длугош“ во Czestochowa во Полска

Извештај од проф. д-р Бурхан Ахмети од реализирана посета на  Универзитетот „Јан Длугош“ во Czestochowa во Полска:

За време на посетата на Факултетот за Ликовни уметности на Одделот за графика, дискутиравме за можноста за размена на искуства и меѓуинституционална соработка во рамките на Еразмус програмата.
Беше нагласена важноста од споделувањето добри практики меѓу нашите институции, со цел збогатување на академското и уметничкото искуство на студентите и наставниот кадар. Разговаравме за конкретни чекори кон можна соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, како и вклучување во заеднички проекти кои промовираат мобилност, интеркултуралност и професионален развој во областа на визуелните уметности.
Бев импресиониран од наставната програма, посветеноста на студентите и професорите, како и од начинот на кој уметничките концепти се развиваа и се обликуваа преку различни техники на традиционална и современа графика. Добро организираните простори и соодветна опрема создадоа поволни услови за креативност и уметничко експериментирање за студентите.
Се придружив и на работилницата за техниката цијанотипија што ја водеше мојата колешка Марија од Кипар.
Изразувам посебна благодарност за топлото гостопримство и професионализмот на академскиот кадар и професорите на Факултетот за Ликовни Уметности.
Пријателската и кооперативна атмосфера што ја создадоа за време на мојата посета значително придонесе за плодно и инспиративно искуство за мене. Ја ценам нивната подготвеност да споделат искуства и да разговараат за можностите за идна соработка.