15-от Меѓународен Балкански Конгрес за образование и наука што се одржа, Сончев Брег, Р. Бугарија.
Во периодот од 2-5.10.2024 година, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски‘‘ – Скопје беше коорганизатор на 15-от Меѓународен Балкански Конгрес за образование и наука што се одржа во Сончев Брег, Р. Бугарија. Со тоа ја продолжуваме успешната соработка со партнерските институции: Педагошкиот факултет при Тракискиот Универзитет, Стара Загора, Р. Бугарија и Педагошкиот факултет при Тракискиот Универзитет, Едирне, Р.Турција.
На Конгресот земаа учество 20-тина наши професори и асистенти кои со своите трудови придонесоа да се расветлат значајни прашања од областа на образованието и воспитанието, посебно на полето на дигитализацијата на наставата, што беше впрочем и доминатна тема на овој научен собир








