Јубилеј – 30 години
Јубилеј – 30 години посветена работа, образовни и научни достигнувања, генерации студенти, илјадници часови предавања, практична настава и вежби, работилници, семинари, дискусии, 30 години раст и развој на нашиот Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“- Скопје истакна деканката, проф.д-р Билјана Камчевска на денешната Свечена академија која се одржа во амфитеатарот на Факултетот.
Основањето на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во 1995 година е втемелено на вредностите на познатата Педагошката школа со богата традиција од 1947 година, која во 1961 година се трансформирала во Педагошка академија. Со формирањето на Факултетот идните одделенски наставници во основното образование и воспитувачи во предучилишното воспитание и образование добиваат можност да се стекнат со четиригодишни академски студии.
На Свечената академија по повод 30 годишниот јубилеј свои пригодни обраќања имаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска и проректорката за настава при УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска.
Нека ни е честит јубилејот!













