
Учество во меѓународна научна конференција во Едирне, Република Турција
Учество во меѓународна научна конференција во Едирне, Република Турција во периодот од 14 – 17.10.2025 година
Во меѓународната научна конференција, организирана од страна на Тракискиот Универзитет во Едирне, Р. Турција под наслов: XVI. International Balkan Education and Science Congress–AL and the future of Education:Tranforming Teaching and Learning, 15 – 17 October 2025, присуствуваа поголем број професори од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Во рамките на свеченото отворање на активностите на Конгресот на пленарната седница организаторот ги поздрави сите коорганизатори, редовните членки на асоцијацијата, и се истакна, меѓу другото, дека во асоцијацијата ќе се придружат и нови членки како што се: Универзитетот во Јанина, Р. Грција, Универзитетот во Крагуевац, Р.Србија, Универзитетот во Приштина, Р. Косово и други членки во нашето опкружување.
За време на свечениот дел се организираше и панел дискусија од страна на Деканите на факултетите за значајноста на Конгресот и соработката на Педагошките факултети во рамките на асоцијацијата и пошироко и продолжување со традицијата на организирање идни конференции и научни собири. Во панел дискусијата учествуваше продеканот за настава проф. д-р Емиљ Сулејмани, во име на Деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Билјана Камчевска.
Ректорот на Тракискиот Универзитет организираше состанок во Ректоратот со Деканите на факултетите и се дискутираше за значењето на Конгресот и продолжување на традицијата на меѓусебна соработка во полето на образованието и образовната наука како двигатели на општествата како и брзите општествени промени со посебен осврт кон воведување на AI во образовните системи. Од моја страна беше истакнато за начинот на организацијата и залагањето за проширување со други Универзитети и факулети и беше упатена благодарност во име на деканката на нашиот факултет проф. д-р Билјана Камчевска, како коорганизатори на Конгресот како и значењето за натамошна активна соработка во сите полиња на нашите универзитети и факултети.
За време на тридневниот престој и предвидените активности на конференцијата, нашите истакнати професори зедоа активно учество во научни секции со презентација на нивните научни трудови пред аудиториумите а дел од нив беа ангажирани и како модератори на научни секции.
Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје беше представен на достоинствен и на најдобар можен начин од сите присутни колеги во активностите на Конгресот со висок морален, научен, професионален и колегијален интегритет и кредибилитет.
Скопје, 8.12.2025 Продекан за настава,
Проф.д-р Емиљ Сулејмани









