Посета на проф. д-р Чигдем Улкер од Хаџетепе Универзитетот во Анкара, Република Турција
Посета на проф. д-р Чигдем Улкер од Хаџетепе Универзитетот во Анкара, Република Турција
По иницијатива на професорката по Турски јазик и книжевност, д-р Хулија Скука, а со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје престојуваше професорката Чигдем Улкер од Хаџетепе Универзитетот во Анкара, Република Турција.
На средбата со продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Розалина Попова Коскарова, беа разгледани можностите за академска соработка во областа на научноистражувачката дејност и меѓународни проекти.
Во рамките на посетата, проф. Улкер одржа семинар на тема „Турскиот јазик како јазик на литературата и науката и можностите што им ги нуди на писателите“ за студентите од Одделенска настава и Предучилишно воспитание на турски наставен јазик.



